OРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА НА ГРАДСКАТА УПРАВА НА ГРАДОТ ПАНЧЕВО

Градската управа на градот Панчево образувана е како единствен орган, во чии рамки, како посебни организациони единици функционираат:
– Кабинетот на градоначалникот;
– 8 секретаријати (за општа управа; за собраниски работи, работи на градоначалникот и на градскиот совет; за јавните служби и за социјалните прашања; за урбанизам и градежни и стамбено-комунални работи; за стопанство и за економскиот развој; за даночната администрација; за земјоделието, селото и руралниот развој и за инспекциски работи);
– 3 агенции (за јавни набавки, за сообраќај и за имот);
– Служба за заеднички работи;
– Комунална полиција;
Поради унапредување на работата и модернизација на Градската управа и поради унапредување на квалитетот на услугите кои ова тело им ги овозможува на граѓаните на Панчево, во јуни 2009. година, oтворен е Градскиот услужен центар – голема шалтер-сала со 22 услужни места, кои се наоѓаат во адаптиран простор, во приземјето на зградата на Градската управа. Работното време на Градскиот услужен центар во работните денови е од 8 дo 15 часот, a информациите може да се добијат преку телефон на 013/311-211 или преку е-пошта: usluznicentar@pancevo.rs.
На следните страници на оваа брошура можете да дознаете кои се надлежностите, oвластувањата и обврските на секој секретаријат, агенција или пак на Комуналната полиција. Благодарение на овој прегледен и јасен водич, ќе можете на најлесен и најбрз начин да пронајдете информации за тоа во која организациона единица на Градската управа, кога и на кој начин можете да остварите било кои од своите права кои се под нивна јурисдикција.
Oвој водич ќе ви помогне доколку сакате да се запишете во избирачкиот список, да отворите работна книшка, да добиете извод од матичната книга на родени или пак градежна дозвола, да склучите брак, да положите тест за вршење на авто-такси превоз, да го продолжите работното време на својот угостителски објект, да остварите право на одложување на даночниот долг и така натаму. Наброени се само мал дел од правата кои граѓанките и граѓаните на Панчево ги остваруваат во Градската управа.
Деталниот список со надлежностите на сите организациони единици, со описи на процедурите и на останатите важни податоци побарајте ги на страниците во продолжението.